171
Веднаш по нападот на Русија на Украина, Шалке 04 го тргна Гаспром од дресот, а денеска информира дека спонзорскиот договор со руската компанија е раскинат.
Преку својата веб страна тие соопштија дека бордот на директори одлучил перманентно да го раскине договорот со Гаспром.
Во моментов се водат преговори со други компании кои треба да дојдат на местото на Гаспром.
На последниот натпревар наместо Гаспром, на дресовите на Шалке стоеше името на клубот.