283
Мурињо отпатува со составот на Рома на гостувањето кај Специја, но тој остана во автобус и заедно со дел од неговите помошници таму го следеше мечот.
Португалецот повторно гледаше тежок натпревар на своите фудбалери, но овојпат се заврши со среќен крај. Рома ја победи Специја со гол на Абрахам од пенал дури во 99. минута.
Мурињо ќе биде суспендиран и на следниот меч на Рома, тоа е дербито против Аталанта на Олимпико во Рим.

