427
На итниот состанок на извршниот комитет на УЕФА кој беше закажан по почетокот на војната во Украина, беа донесени неколку одлуки поврзани со Русија.
Најголемата е дека финалето од Лигата на шампионите нема да се игра во Санкт Петербург како што беше планирано, ќе се одржи на „Стад де Франс“ во Париз.
Спартак Москва нема да биде домаќин во Москва на мечот од Лига Европа кој треба да го игра.
УЕФА не го спомена „Гаспром“ кој е еден од главните спонзори на настаните кои ги организира Европската куќа на фудбалот.
За разлика од нив Шалке синоќа веднаш донесе одлука да го отстрани „Гаспром“ од своите дресови.