Роман Абрамович е
на удар на јавноста во Британија по воената интервенција на Русија во Украина, се
говори дека бизнисменот ќе биде протеран, а од Лабуристичката партија дури
побараа да му биде конфискуван имотот помеѓу кои и фудбалскиот клуб Челси и
луксузниот дом од преку 150 милиони фунти.
Но професорот
Киран Мегваер вели дека милијардерот од Русија има адут во ракaвот и не може да
остане со празни раце. Тој открива дека Челси му должи 2 милјарди долари на
Роман Абрамович (инвестициите кои ги правел се во форма на позајмици), пари кои можат да бидат побрани во секое време.
„Доколку сака да
си врати се, ќе го побара заемот од Челси“ – вели Мегваер. „Тоа значи дека
Челси може и да пропадне, но Путин ќе рече, „Видете, вие први почнавте“. Клубот
нема ресурси да ги врати овие пари“.