Италијанските
медиуми пишуваат дека Интер не е заинтересиран да го врати Ромелу Лукаку назад
во својот тим, а Белгиецот се наоѓа во доста неизвесна ситуација каде не е
посакуван ниту од страна на навивачите на Челси.
Ситуацијата
помеѓу Лукаку и Челси стана проблематична особено по неговото интервју за „Скај
Спорт Италија“ во декември ланската година каде јавно откри дека е отворен на
идејата за враќање во Интер, извинувајќи се поради начинот на кој си заминал.
Лукаку се чини
дека очајно бара излез од „Стемфорд Бриџ“, но „Газета дело Спорт“, но и „Кориере
дела Сера“ тврдат дека Белгиецот посакува враќање во Милано во летниот преоден
рок, но од таму барем засега не се заинтересирани за ова сценарио.