УЕФА ќе го одземе
статусот домаќин на Санкт Петербург за големото финале од овосезонската Лига на
шампиони, откако Русија ја нападна Украина, извести „Асошиејтед Прес“.
Од европската
куќа на фудбалот веќе известија дека во петок же следи состанок на извршниот
комитет, по што ќе се објават и одлуките кои ќе произлезат од истиот.
Украинската
Премиерлига е прекинато по случувањата во таа земја, а странските фудбалери
бараат начини како безбедно да си заминат од таму, а владата во Велика
Британија и повеќе фан групи побараа од УЕФА да му се одземе статусот на
домаќин на големото финале од Лигата на шампионите на Санкт Петербург, каде
стадионот е спонзориран од рускиот гигант „Гаспром“.