Конте: Тотнем треба да процени дали сум доволно добар, не може веќе вака, загубивме четири од последните пет меча

by
1 минути читање

По триумфот над Сити, Конте изјави дека го има најдобриот тим со кој работел, но неколку дена подоцна има многу поразлично мислење.

„Ова беше тешка ноќ. Но само оваа ноќ, на последните пет натпревари ние загубивме четири пати. Тоа значи дека клубот треба да направи проценка за мене, бидејќи многу е фрустрирачко за мене да се загубат четири меча од пет“, вели Конте.

„Секако дека ситуацијата е јасно. Жал ми е за фановите, навистина ми е жал бидејќи не го заслужија ова. Но кога ќе загубите четири од пет пати, клубот мора да направи проценка, да зборуваме заедно, да видиме кое е најдоброто решение“.

„Во оваа ситуација фудбалерите секогаш се исти во клубот, клубот менува тренери, но фудбалерите остануваат, но резултатот не се менува“.

„Ќе повторам, премногу сум искрен за да прифатам ваква ситуација, секако ќе направиме проценка со клубот, бидејќи не е добро за никој да продолжиме да губиме, не можам да го прифатам тоа“.

„Во последните пет меча, четири пати загубивме. Тоа е реалноста. Не перформансите. Загубивме четири од пет, никој не го заслужува тоа, но тоа е реалноста“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×