Ливерпул го потопи Лидс, „црвените“ ги имаат тројцата најдобри стрелци во Премиерлигата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Трката за
титулата во Премиерлигата повторно е ширум отворена, Ливерпул го „потопи“ Лидс
и дојде на три бода до Манчестер Сити.

Салах и Мане
постигнаа по два гола, по еднаш во листата на стрелците се запишаа Матип и Ван
Дајк за убедлив триумф од 6-0.

Ливерпул сега ги
има тројцата најдобри стрелци во Премиерлигата, Мо Салах е на врвот со 19
погодоци, Мане има 12 погодоци а Жота има 11 погодоци.

Тотнем откако во
минатото коло славеше на гостувањето кај Манчестер Сити, вечерва киксна против
Барнли и загуби со 1-0. Бен Ми погоди во 71. минута за три важни бода во
битката за опстанок.

На третиот натпревар
вечерва во Премиерлигата, Кристал Палас со 1-4 славеше на гостувањето кај
Вотфорд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×