Еланга го спаси Манчестер јунајтед од пораз кај Атлетико, Бенфика и Ајакс одиграа возбудливо реми (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед се враќа со 1-1 од гостувањето на „Ванда Метрополитано“. Атлетико
поведе рано, Жоао Феликс во 7. минута донесе 1-0. Избраниците на Диего Симеоне
потоа го имаа натпреварот под контрола, но една грешка ги врати гостите во
живот.

Реинилдо лошо процени
една топка, Еланга изби сам пред Облак и прецизно биеше за 1-1, ова беше првиот
шут на „ѓаволите“ во рамките од голот.

На вториот
вечерашен натпревар, АЈакс два пати водеше на „Луж“ но Бенфика се избори за
2-2.

Тадиќ ги донесе
гостиет во предност од 0-1 во 18. минута, за Алер да ја затресе сопствената
мрежа во 26. минута за 1-1.

Напаѓачот се
искупи по половина час игра и го донесе Ајакс во предност од 1-2, но Јаремчук
го имаше последниот збор и во 72. минута стрелаше прецизно за 2-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×