Сопственикот на
романскиот фудбалски клуб Стеауа Букурешт, контроверзниот Џиџи Бекали ја
шокираше пошироката фудбалска јавност откако нагласи дека клубот нема намера да
смета на фудбалери кои се вакцинирани против Ковид-19.
„Можеби ќе се
смеете, но можеби јас сум тој кој е во право по ова прашање, тие кои се
вакцинирани едноставно ја губат силата, тоа е сепак дел од научните истражувања“
рече Бекали.
„Дали тоа веќе го
видовте во Клуж? Во Рапид исто така, на фудбалерите им се случува да се
онесвестат, тие спијат на теренот, сите вакцинирани фудбалери ја губат својата
сила“ нагласи контроверзниот бизнисмен и политичар, а го посочи и напаѓачот
Клаудиу Кешеру.
Кешеру се врати
во Стеауа по шест години во бугарски Лудогорец, а за него Бекали тврди дека не
може да игра повеќе на високо ниво поради тоа што е вакциниран.
„Сево ова
најмногу се рефлектира на повозрасните, јас лично разговарав со Кешеру, му
реков дека не може повеќе на високо ниво, може да игра во Романија, но не и во
Стеауа, ми тврдеше дека ќе ми докажел дека е спротивното, но ништо од тоа“
подвлече Бекали.