Првпат по 30 години Атлетико Мадрид и Манчестер јунајтед ќе одиграат меѓусебен натпревар. На овој меч Давид де Хеа ќе се соочи со клубот од каде што пристигна на Олд Трафорд.
Давид де Хеа е роден во Мадрид, израснал во Иљескас, гратче меѓу Мадрид и Толедо. Додека таму бранел како дете бил скаутиран од Атлетико Мадрид. Голманот тогаш имал 13 години.
Но, за да му овозможи трансфер во Атлетико Мадрид, неговиот тогашен тренер одлучил да лаже.
Хуан Луис Мартин тогаш му бил тренер на Де Хеа и го препорачал голманот на скаутот на Атлетико Мадрид, Диего Гаридо. Но поминало време, а фамилијата Де Хеа не добила повик од Атлетико Мадрид.
Тогаш Луис Мартин се одлучил на следен чекор, повторно се јавил во Атлетико Мадрид и им рекол дека Де Хеа е пред трансфер во Рајо Ваљекано.
Тоа било лага, немало интерес од друг клуб, но Атлетико Мадрид „наседнал“ и го купил. Тоа „наседнување“ подоцна и тоа како им се исплатело.
По неколкуте години поминати во младинските академии, Де Хеа на 17 години потпишал професионален договор со Атлетико Мадрид, а на 18 години го има своето сениорско деби за тимот во пораз од Порто во Лигата на шампионите.
Три дена подоцна дебитира во Ла Лига против Сарагоса. Направил пенал, но го одбранил пеналот и помогнал неговиот тим да победи со 2-1.
Брзо потоа Де Хеа се промовира во важен голман, за Атлетико Мадрид имаше 84 настапи, на 23 од нив не прими гол. Стана најбараниот голман во Европа.
Во јуни 2011 година Манчестер јунајтед го купи за тогаш рекордни за голман, 18,9 милиони фунти.
На почетокот од оваа година Де Хеа стана странски фудбалер со најмногу лига настапи за Манчестер јунајтед. Има 474 натпревари на кои 163 пати не се тресела неговата мрежа.