164
Интер влезе во лоша форма, а многумина прстот го вперија во Хандановиќ и Лаутаро.
Напаѓачот нема дадено гол оваа година, а на Хандановиќ му се замерува дека лесно прима голови.
Ултрас фановите на Интер им дадоа поддршка на своите фудбалери.
„Самир, им обрнувај внимание на нив, „Курва Норд“ е со тебе“ и „Издржи Лаутаро, ние сме со тебе“, се пораките од Интер за двајцата свои играчи кои не се во форма.
Имаше и трет банер кој гласи: „Со сила добиваш битки, со карактер добиваш војни. Северот е со вас“.