222
Влаховиќ денеска за првпат играше во Лигата на шампионите и за помалку од една минута постигна гол. Но тоа беше единствениот погодок кој го даде Јувентус на гостувањето кај Виљареал. Мечот заврши 1-1.
„Ова за мене е огромна работа, да постигнам гол на дебито. Навистина беше емотивно. Но не можам да бидам целосно задоволен бидејќи не победивме“, вели Влаховиќ.
„Мораме да продолжиме да работиме напорно. Игравме многу добро и можевме да победиме. Имаме зошто да жалиме, но мора да се фокусираме на следниот натпревар“.