161
Душан Влаховиќ имаше деби од соништата во Лигата на шампионите, по само 32 секунди игра постигна гол и му донесе водство на Јувентус од 1-0.
Но, неговиот погодок не беше доволен за победа, тоа беше единствениот гол кој го постигна Јувентус на мечот.
Виљареал успеа да изедначи во 66. минута од мечот со гол на Парехо по едно фантастично додавање од Капуе, 1-1 беше и конечниот резултат на натпреварот.