„Ла Стампа“
тврдеше дека Жозе Мурињо откако виде колку продолжение доби мечот со Верона, му
се нафрлил на главниот арбитар со зборовите „Те пратија тука со задача,
Јувентус те прати“, што беше најава за санкција кон португалскиот фудбалски
стратег од клупата на Рома.
Рома одигра само
реми со резултат 2-2 на свој терен со Верона, а разочарувањето кај Мурињо беше
големо, а тој веќе доби суспензија од два меча од Серија А по црвениот картон
кој го доби.
Од куќата на
фудбалот во Италија за овој случај коментираа дека Мурињо имал сериозни
обвинувања кон судиите, кои прераснале во заканувачки тон.
Со ова,
Португалецот ќе отсуствува од клупата на „Римската волчица“ на натпреварите
против Специја на гостински терен претстојниов викенд, односно дома против
Аталанта идниот викенд.
Инаку, братот на
главниот арбитар од последниот меч на Рома, Лука Паирето, Алберто работи во
Јувентус веќе осум години, а таткото на Лука е поранешен судија, Пјерлуиџи
Паирето кој беше дел од Калчополи скандалот по кој Јувентус беше казнет со
испаѓање во Серија Б, а поради тој скандал беше доживотно суспендиран.