Се врати
насмевката на лицето на предводникот на Тотнем, Антонио Конте по победата на
гости кај Манчестер Сити, а запрашан за важноста да се има во тимот искусни
фудбалери како Хуго Лорис и Хари Кејн, Италијанецот даде мошне интересен
коментар.
„Еден мој мошне
добар и близок пријател би рекол: Може да направите грешка со вашата сопруга, но не и со напаѓачот“ рече
Конте.
„Според мене тоа
е најдобриот цитат кого јас го разбирам во фудбалот, нели е така? Можете да
направите грешка со вашата сопруга, меѓутоа не и со вашиот напаѓач, а ние
говориме за двајца исклучително добри фудбалери, Лорис и Кејн…“ додаде
Италијанецот.
Тотнем со
победата над Манчестер Сити за момент ја надмина резултатската криза по трите
последователни порази во Премиерлигата, а со самото тоа се врати и во игра за
место во топ четири.