Интер ја одреди цената за Лаутаро, Ливерпул, Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд се на потег

by
1 минути читање

Интер би бил
подготвен да го продаде својот напаѓач Лаутаро Мартинез за 90 милиони евра во
летниот преоден рок, со тоа што Ливерпул и Атлетико Мадрид, но и Борусија
Дортмунд се споменуваат како најсериозните кандидати за потписот на
Аргентинецот.

„Калчомеркато“
тврди дека 24 годишниот Лаутаро е најверојатната опција на „Нероаѕурите“ која на лето ќе
биде жртвувана на трансфер пазарот од крајот на актуелната сезона, за да се
овозможи тимот да добие нови засилувања.

Лаутаро беше
купен за 25 милиони евра во 2018 година од Расинг Клуб, а лани во октомври го
продолжи договорот со клубот од Милано до 2026 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×