Бонучи: Не може да се споредуваат Влаховиќ и Роналдо

by
1 минути читање

Вечерва Јувентус му гостува на Виљареал, тоа ќе биде прв меч за Влаховиќ во Лигата на шампионите, од таборот на Јуве се обидуваат да го тргнат притисокот од него.

„На Влаховиќ му е потребно време, ќе прави грешки и ќе напредува. Со Кристијано, секој натпревар го стартувавме од 1-0 за нас. Тој ни даваше енергија и менталитет. Не може да го споредувате него со Влаховиќ кој е класичен напаѓач и се уште е многу млад“, вели Бонучи.

„Мечот против Виљареал ќе биде многу комплициран. Тие играат добар фудбал и имаат искуство, со Душан ние имаме фудбалер кој може да ја задржи топката кога противникот се брани длабоко“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×