152
Милан во моментов е лидер во Серија А со по два бода повеќе од Интер и Наполи. Нероазурите имаат меч помалку, па потенцијално тие би излегле на врвот ако го добијат тој заостанат дуел.
Но како и да е, Милан има сериозни шанси за освојување на Скудетото па „Газета дело Спорт“ тврди дека се планира состанок на кој ќе се договара премија.
Пред неколку недели Давиде Калабрија беше прашан дали ќе биде дел од групата која ќе има таков состанок со Газидс, тој одговори: „Ибра, Ромањоли и јас. Којзнае веројатно наскоро ќе имаме таков состанок“.
Според информациите од Италија, состанокот би требало да се одржи по гостувањето кај Наполи кое е закажано на 6. март.