493
Серхио Рамос не успеа да се договори со Реал Мадрид за продолжување на соработката по што минатото лето како слободен играч замина во ПСЖ.
Весникот „Спорт“ сега открива дека Рамос се обидел да ја користи платата на Пике во преговорите со Реал Мадрид.
При разговорите со челниците на клубот, Рамос им рекол: „Сакам да добивам иста плата како што Пике добива во Барселона или повеќе од тоа“.
Но Реал Мадрид не сакал да му ја исполни желбата на Рамос, тие сметале дека според возраста и повредите нивниот капитен не заслужува договор каков што бара.