Лукаку беше невидлив против Кристал Палас, урна негативен рекорд (ФОТО)

by
1 минути читање

Челси победи на гостувањето кај Кристал Палас со гол на Зијеш во 89. минута од натпреварот, но она за кое се зборува е настапот на Ромелу Лукаку.

Тој за 90 минути игра имаше само седум допири со топката од кои еден беше при изведување на топката од центарот.

Откако Опта започна со мерење на статистиката за допири со топка во Премиерлигата, во сезоната 2003-2004, ниту еден фудбалер кој одиграл цел натпревар немал така лоша бројка. Седум допири со топка за време на еден меч.

Лукаку минува низ тежок период, проблем е и разделбата со неговата девојка, но и носталгијата кон Интер за која јавно проговори во фамозното интервју за Скај Италија.

Дали напаѓачот ќе ја помине оваа криза и ќе почне да ги прикажува партиите за кои е платен, останува да видиме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×