Интер беше шокиран од Сасуоло, нероазурите на свој терен загубија со 2-0, трката за Скудетото сега е крајно неизвесна.
„Многу сум лут поради приодот, бидејќи имавме три дена од мечот во средата, зборувавме за фактот дека Сасуоло ги победи Јувентус и Милан во гости, тие играат одличен фудбал и моравме да бидеме внимателни“, вели Инзаги.
„Во второто полувреме се обидуваме со се, креиравме толку многу шанси, но немавме среќа, сепак фактот останува дека требаше да влеземе со поинаков став во мечот. Сасуоло има одлични технички квалитети, тие беа и посвержи физички и тоа го покажаа“.
„Ќе ја анализираме ситуацијата, знаеме дека имаме уште 13 мечеви до крајот. Факт е дека тим кој сака да го освои Скудетото, не може да има приод каков што ние имавме на овој меч“.