205
Карло Анчелоти во 2020 година го донесе Хамес Родригез како големо засилување во Евртон, Колумбиецот имаше одличен старт на кариерата таму, но потоа следуваа повреди и пад во формата.
Со заминувањето на Анчелоти, Родригез го загуби местото во тимот. Рафаел Бенитез не сметаше на него, по што тој замина во катарскиот клуб Ал Рајан.
„Сакав да бидам многу подолго во Евертон. Тоа е спектакуларен клуб, фановите се неверојатни, но дојде тренер кој не сметаше на мене. Сакав да останам таму, но за жал тренерот не сакаше да бидам дел од тимот“, вели Хамес Родригез.