513
Џек Вилшер додека играше за Арсенал важеше за голем англиски талент, имаше и дури 34 меча за англиската репрезентација. Но поради неговата непрофесионалност кариерата почна да му се движи во надолна линија.
Минатата сезона беше дел од Борнмут, а оваа беше без клуб и тренираше со Арсенал, но Артета немаше намера да му даде шанса да заигра.
Од синоќа Вилшер е нов фудбалер на данскиот клуб Архус со кој потпиша договор до крај на сезоната.