Реал Мадрид го договорил трансферот на Халанд!?

by
1 минути читање

Според „Спорт“ имало состанок во Монако на кој присуствувале претставници на Реал Мадрид, таткото на Ерлинг, Алфи Халанд и Рафаела Пимиента која е адвокат и десна рака на Мино Рајола, агентот на фудбалерот.

Разговорите поминале позитивно и трите страни постигнале вербален договор за трансфер по што треба да се премине на конкретна реализација.

Овој договор го прави Реал Мадрид фаворит во трката, но потребни се уште некои чекори за трансферот да стане реалност.

Весникот тврди дека Реал Мадрид ќе го понуди Лука Јовиќ на Борусија Дортмунд за да ја намали сумата која ќе треба да ја плати за Халанд.

Доколку Реал Мадрид го ангажира Халанд, нејасно е дали ќе го одложи потпишувањето со Мбапе или ќе сака двајцата напаѓачи да ги има во составот, заедно со Карим Бензема.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×