163
Според „Калчомеркато“, Милан е сериозно заинтересиран за Стивен Бергвајн кој не е во плановите на Антонио Конте.
24-годишниот фудбалер за сума од 30 милиони евра во 2020 година пристигна во Тотнем од ПСВ Ајндховен, но одигра само девет меча под водство на Конте, од нив стартуваше на само два дуели.
Тотнем е подготвен да го продаде Бергвајн и да собере средства за нови засилувања, Милан е потенцијален купувач, но Даниел Леви важи за тежок преговарач.
Сепак постои оптимизам кај Милан дека можат да го донесат Бергвајн на Сан Сиро.