Роналдо ќе му ја земе капитенската лента на Мегваер?

by
1 минути читање

Кристијано Роналдо, Хери Мегваер и Ралф Рангник имале дискусија за евентуална промена на капитенот на Манчестер јунајтед.

Идејата зад тоа е Роналдо со добивањето на капитенската лента да го ослободи Мегваер од притисокот кој таа го носи а која можно е да има влијание врз перформансите на дефанзивецот.

Мегваер е постојана мета на критики за своите неубедливи настапи, па Рангник се надева дека кога тој нема да биде капитен и ќе се фокусира само на своите игри, ќе биде подобар.

Наводно Мегваер прифатил да ја отстапи лентата, но не сака да ја загуби перманентно, туку само до крајот на сезоната.

Роналдо барал фудбалерите да му дадат поддршка на Мегваер, јавно тој не се залага за да ја добие капитенската лента, но факт е дека тој е природен лидер и е доминантен во соблекувалната во споредба со Мегваер.

Роналдо добил инструкции од Рангник да ги мониторира помладите фудбалери во тимот, Португалецот со своето искуство и победнички менталитет се обидува да влијае на целиот тим.

Нејасно е колку овие тврдења на „Мирор“ се точни, дали има вистина во ваквите написи на весникот, но тоа ќе се види веќе во следните натпревари, дали Мегваер ќе продолжи да ја носи капитенската лента или таа ќе ја земе Роналдо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×