Конате минатото лето пристигна во Ливерпул од Лајпциг за околу 36 милиони фунти. 22-годишниот централен дефанзивец полека се прилагодува во новата средина и почнува да блеснува во сиот свој сјај.
Неговата статистика во Ливерпул е импресивна иако уште нема ниту една цела сезона за нив. Досега одигра 15 натпревари и во нив црвените ниту еднаш не беа поразени, имаа 12 победи и три нерешени средби.
Со својата сигурност и перфектна антиципација на теренот го освои Клоп. На дуелот со Интер Конате покажа каков тандем можат да бидат со Ван Дајк.
Интер имаше периоди на доминација на натпреварот во кои тимот на Инзаги изгледаше одлично и се обидуваше да креира шанси, но нероазурите не успеаа ниту еднаш да шутнат во рамките од голот на Алисон.