Лампард е импресиониран од Ван де Бек

by
1 минути читање

Евертон беше во
сосема ново руво на пресметката против Лидс на свој терен каде славеше со 3-0,
што воедно беше прва победа на Френк Лампард на кормилото на „Карамелите“ во
Премиерлигата.

Лампард особено е
импресиониран од фудбалерот кој не доби адекватна прилика за докажување во
Манчестер јунајтед, Дони ван де Бек, за кого смета дека неговото однесување
досега е на професионално ниво.

Импресиониран
сум, првично од професионален аспект, од првиот разговор со него, од доаѓањето
во клубот, гледајќи го како тренира, навистина сум импресиониран…
“ рече
Лампард.

Кога ќе се
навратам на времето кое тој го помина во Манчестер јунајтед, тој е фудбалер од
висока класа, таков беше кога Манчестер јунајтед го ангажираше од Ајакс
“ додаде
предводникот на „Карамелите“.

Не е лесно сево
ова, тој се пронајде помеѓу две страни, сигурен сум дека не му било лесно, но
покажа и докажа дека кога ќе ја држите главата постојано исправено, а ќе
продолжите со напорна работа, вашето време ќе дојде, сега тој има шанса да
покаже што знае и умее како стандарден првотимец, верувам дека успешно ќе го
стори тоа
“ заклучи Лампард.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×