ПСЖ му нуди договор на Мбапе кој тешко се одбива, а Реал Мадрид не може да парира на оваа понуда

by
1 минути читање

ПСЖ му понудил на
Килијан Мбапе договор со кој ќе го направи најплатениот фудбалер во светот, со
тоа што клубот од француската престолнина прави максимални напори да го задржи
во сопствените редови.

Актуелниот
договор на 23 годишниот фудбалер истекува на лето, а во моментов е слободен во
можноста да преговара со заинтересираните клубови за неговиот потпис, се верува
дека Реал Мадрид особено е заинтересиран за тоа.

„Индипендент“
наведува дека ПСЖ е подготвен да го направи Мбапе најплатениот фудбалер во
светот со тоа што му нуди неделна плата близу 1.2 милион евра, понуда на која
Реал Мадрид едноставно не може да парира.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×