Балотели вели дека го болело да ја гледа Италија како игра без него.
„Не ја гледав Италија многу за време на Европското првенство, ме болеше да ги гледам нејзините натпревари без мене“, открива Балотели.
„Тимот го освои Европското првенство без мене, потполно го заслужија тоа. Секако, ако можев и јас да играм, ќе го освоевме полесно“.
Балотели се надева дека ќе биде во селекцијата на Италија за дуелот со Македонија и евентуалниот меч против Португалија или Турција.
„Со Роберто Манчини зборуваме понекогаш, го сакам, го почитувам, тој продолжува да ми вели да работам напорно и да напредувам во некои аспекти“.
За разлика од селекторот, Балотели слабо контактира со поискусните фудбалери на Италија како што е Џорџо Кјелини пример.
„Не разговараме, ги немам нивните телефонски броеви“.