Наполи денеска гостува кај Барселона во натпревар од Лига Европа. Тоа ќе биде мега пресметка меѓу екипи кои сакаат да го освојат ова натпреварување.
„Ова се натпревари од соништата, треба да уживате во нив и да го тестирате вашиот карактер и да го достигнте највисокото ниво на фудбал. Тоа се обидуваме да го направиме“, вели Спалети.
„Доколку размислуваме за нивната историја како клуб и за стадионот, тогаш ризикуваме да се исплашиме. Па подобро е да се фокусираме на себеси и фудбалот кој веќе го покажуваме“.
„Ние мора секогаш да бидеме Наполи и да го даваме најдоброто од нас. Ја знаеме нашата сила, нашите силни страни и треба да се потпреме на нив, што значи да играме добар фудбал и да ги исполниме очекувањата на градот и клубот, а тоа е да се обидеме да победиме“.
„Ќе има моменти кога ќе мора да се браниме и моменти кога ќе треба да ги искористиме шансите во нападот“.
„Чави беше голем познавач како фудбалер, па природно е тоа што е тренер. Тие во јануари донесоа некои фудбалери кои можат да бидат непредвидливи и да го променат текот на натпреварот“.