Донарума во најголемиот дел од мечот против Реал Мадрид беше само гледач. Кралскиот клуб не создаде ниту една шанса, а главно мечот се одвиваше пред голот на Куртоа.
Мбапе беше убедливо најдобриот на теренот, создаде неколку шанси, врз него беше направен пенал, а на крајот даде и гол за победа.
„Мбапе? Мама миа… тој е вонземјанин, тој не е од оваа планета! Тоа го гледаме ние и на тренинзите, на меѓусебните натпревари, едноставно е неверојатен“, вели Донарума.
„Не знам што ќе прави Мбапе следната сезона, но ние ќе уживаме со него секој ден додека тој е тука“.
За разлика од Мбапе, Меси не се покажа во најдобро светло, не успеа да реализира пенал, а и не влезе во некои посебни шанси.
„Немам што да кажам за Лео, тоа може да му се случи на секој. Сите знаеме кој е Лео Меси. Имаме многу шампиони кои можат да го сменат натпреварот, Килијан погоди, но сите одигравме одличен натпревар“, рече Донарума.