Вечерва во Париз
љубителите на фудбалот ќе имаат можност да проследат големо дерби каде силите
ќе ги одмерат ПСЖ и Реал Мадрид, така посака ждрепката, за уште во
осминафиналето од Лигата на шампионите да се сретнат овие два гиганти.
Веќе се познати и
почетните состави на обете екипи, а од тоа што можеме првично да забележиме е
фактот што Нејмар кај домаќините ќе стартува од клупата за резерви, откако
Бразилецот се врати од повредата, а нападот на Парижаните ќе го сочинуваат
Мбапе, Меси и Ди Мариа.
Кај гостите ќе
напаѓаат Винисиус Жуниор, Бензема и Асенсио во идентична формација како и
домаќинот, односно 4-3-3.


Втората пресметка
предвидена за вечерва, исто во рамките на осминафиналето од Лигата на
шампионите е дуелот помеѓу Спортинг Лисабон и Манчестер Сити.