165
Предводникот на
Ливерпул, Јирген Клоп упати серија пофалби на сметка на неговиот ривал во
осминафиналето од Лигата на шампионите, поточно Интер на Симоне Инзаги, за што
смета дека во моментов „Нероаѕурите“ се најдобрата екипа во Италија.
„Интер е голема
екипа со одличен тренер, тие се шампиони на Италија, а со целосна почит кон
останатите, морам да потенцирам дека тоа во моментов е најдобра италијанска
екипа“ рече Клоп.
„Креативни се,
одлично организирани, добро тренирани, имаат еден посебен индивидуален
квалитет, ќе мораме да бидеме на високо ниво за да се избориме за добар
резултат против нив“ додаде германскиот фудбалски стратег.