Неофицијалните
информации кои пристигнуваат од Островот велат дека првата ѕвезда на Манчестер
јунајтед, Кристијано Роналдо би можел да си замине од „Олд Трафорд“ уште на
лето, а би можел да се врати во „Серија А“, каде го носеше дресот на Јувентус.
35 годишниот
Португалец три години го носеше дресот на „Старата дама“, а се верува дека Рома
е сериозно заинтересирана за неговиот потпис, покрај ПСЖ и Баерн Минхен кои би
сакале да го ангажираат напаѓачот во летниот преоден рок.
Се верува дека
Роналдо не е среќен во Манчестер јунајтед каде од неговото враќање во тој клуб
па наваму запиша 14 погодоци на 26 натпревари, а Португалецот особени забелешки
има за квалитетот со кој располага тимот, а евентуален неуспех во битката за
место во Лигата на шампионите за идната сезона ќе значи и разделба со „Црвените
ѓаволи“.