Поранешниот играч на Милан, Робињо ја загуби и последната жалба, пресудата од девет години затвор за силувања останува.
Инцидентот се случил во Милано во 2013 година. Робињо и неговиот пријател Рикардо Фалко беа обинети за групно силување на 23-годишна девојка.
Бразилскиот напаѓач инсистираше дека се што се случувало било со дозвола на девојката, но снимените телефонски разговори и презентираните пораки не го поткрепиле неговото тврдење.
Италија сега бара Робињо да биде екстрадиран во нивната земја и да почне со одлежување на затворската казна.
Но, законот на Бразил не дозволува екстрадиција на бразилски државјани, па тешко дека Робињо некогаш ќе стапне во Италија за да ја издржува казната.