172
По подолго време Интер успеа да се пласира во нокаут фазата во елитното европско натпреварување, а таму противник ќе им биде тимот на Ливерпул.
„Мислам дека англиските клубови се многу силни, сите тие победија во своите групи со исклучок на Челси“, вели Симоне Инзаги.
„Ливерпул е еден од најдобрите клубови во Европа, но нашите момци заслужуваат да играат вакви натпревари. Одамна не сме играле во осминафиналето, ќе биде многу тешко, но ќе се обидеме да го поминеме“.
„На хартија Ливерпул е фаворит, но натпреварите мора да се одиграа“.
„Ќе побарам од момците да излезат на теренот и да го играат нашиот фудбал со слободна мисла, да ги покажат нашите идеи. Посветеноста ќе направи разлика“.