147
Доаѓањето на Нејмар во 2017 и Мбапе во 2018 ја зголемило продажбата на дресови на ПСЖ, но доаѓањето на Меси ја кренало на друго ниво.
Дури 54 проценти од продадените дресови на ПСЖ во изминатиот период, се со презимето на Меси, открива маркетинг директоротна клубот, Фабио Алегре.
Иако Меси се уште не блеснал во сиот свој сјај во дресот на ПСЖ, тој има големо влијание во маркетинг моментот на клубот.
Вечерва ПСЖ го пречекува Реал Мадрид во Лигата на шампионите, па Меси ќе има можност да го покаже својот сјај на големата сцена.