160
Бензема ги пропушти последните три натпревари на Реал Мадрид порди повреда, но сега е во тимот, а „АС“ тврди дека тој вечерва ќе биде и стартер против ПСЖ.
Мадридскиот весник излезе со прогноза на составот на Реал Мадрид.
Бензема ќе биде прв напаѓач, а странично друштво во офанзивата ќе му прават Винисиус и Асенсио, во средниот ред ќе бидат Крос, Модриќ и Касемиро. На бековските позиции ќе бидат Карвахал и Менди, Куртоа ќе биде на голот а пред него Милитао и Алаба.
