Во групната фаза од Лигата на шампионите, Донарума и Навас ја поделија минутажата, двајцата бранеа по три натпревари.
Некои медиуми пишуваат дека така може да биде и против Реал Мадрид, едниот да брани на првиот натпревар, а другиот во реваншот.
За време на прес-конференцијата Маурисио Покетино одби да каже кој голман ќе биде стартер вечерва.
„Голманската позиција е добро покриена. Кој и да брани ќе брани на своето најдобро ниво. Мислам дека досега функционираше добро, имаме топ голмани“, вели Покетно.
Според поголемиот дел од медиумите кои го прогнозираат составот за денес, Донарума е голманот кој ќе добие шанса на денешниот натпревар.
Така пишуваат „Ла Газета дело Спорт“ и „Тутоспорт“, но тоа е и прогнозата на францускиот „Л’Екип“ и шпанскиот медиум „Ел Чирингито“ кој додава плус дека Навас ќе брани на Бернабеу.
Иако јавно Донарума и Навас велат дека имаат меѓусебна почит и немаа ништо против конкуренција во тимот, често се пишува дека од ваквата ситуација не е задоволен ниту еден од нив. И Навас и Донарума сакаат да бидат први голмани и секое изостанување од стартниот тим не го прифаќаат најдобро.
Доколку нетрпеливоста добие некоја посериозна форма, голема е веројатноста еден од двајцата да си замине во летниот преоден рок. Возраста не адут на Донарума, па поголеми се шансите Навас да биде тој што ќе биде продаден.