351
Мегваер е мета на критики и потсмев во фудбалската јавност, дел од навивачите сметаат дека тој не е играч кој треба да биде капите на тимот, но Рангник не се согласува со тоа.
„Јас мислам дека откако тој се врати од повредата, игра екстремно добро. Имаше многу добри перформанси, многу добар натпревар против Вест Хем“, вели Рангник.
„Да, на последните два меча имаше некои послаби моменти, против Саутемптон и кога го примивме голот против Барнли, но тој е нашиот капитен и не гледам било каква причина да се промени тоа“.
Манчестер јунајтед за Мегваер плати 80 милиони фунти и го направи најскапиот дефанзивец во светот. Но многумина сметаат дека тој не вреди ниту за половина од таа сума.