Осминафиналната пресметка меѓу ПСЖ и Реал Мадрид ќе биде интересна и поради Килијан Мбапе.
Договорот на францускиот напаѓач со ПСЖ му истекува на крајот од сезоната и се очекува тој од следното лето да стане член на Реал Мадрид.
Но засега тоа се само шпекулации, повеќе се очекува да се дознае откако ќе завршат двата осминафинални меча меѓу ПСЖ и Реал Мадрид.
ПСЖ се уште се надева дека ќе го убеди Мбапе да потпише нов договор, но можеби Бензема знае нешто повеќе околу тоа.
„Се надевам дека тој ќе одигра одличен меч и ќе игра како што знае да игра“, вели Бензема кој се враќа во стројот на Реал Мадрид по паузата поради повреда.
„Ова е многу голем натпревар и играњето против Килијан е посебно“.
„Сите знаат дека тој еден ден ќе дојде во Реал Мадрид“.
Последнава реченица многумина ја протолкуваат дека Бензема веќе знае дека наскоро ќе стане соиграч со Мбапе, а тоа ќе се случи уште престојното лето.