Во Мадрид не се задоволни од третманот кој Винисиус го добива во Примера

by
1 минути читање

Во Реал Мадрид не
се задоволни од грубиот третман кој нивниот фудбалер Винисиус Жуниор го добива
во Примера, според информациите кои ги објави „АС“.

„Кралевите“
ремизираа без голови против Виљареал во последниот меч во Шпанија, а 21
годишниот Бразилец беше повлечен од игра во 81 минута од пресметката.

Статистиката од
најсилната шпанска фудбалска дивизија вели дека само над Хави Галан од Селта се
извршени повеќе прекршоци отколку над Винисиус сезонава.

Во Мадрид се
децидни во својот став дека биле оштетени на мечот со Виљареал, односно требало
да добијат пенал, па иако Карло Анчелоти реагираше „дипломатски“ на
пресконференцијата по мечот, сепак се верува дека во клубот се доста
револтирани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×