Напаѓачот на
Беарн Минхен, Роберт Левандовски не верува дека младите фудбалски ѕвезди
Килијан Мбапе од ПСЖ, како и Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд ќе доминираат
во светот на фудбалот на начин на кој тоа го сторија Кристијано Роналдо и
Лионел Меси изминативе 12 години.
„Мбапе и Халанд
имаат капацитет за нешто големо во годините кои претстојат, тоа е сигурно, но
нема да зачуди доколку уште некој млад фудбалер се издвои од останатите и фати
залет заедно со нив“ вели Левандовски во изјавата за „Франс Фудбал“.
„Не можам ниту за
момент да замислам дека тие ќе доминираат во фудбалот на начинот на кој тоа го
сторија Меси и Роналдо изминативе 12 години“ додаде полскиот напаѓач.
„Обајцата освоија
многу титули, влегоа во историјата на фудбалот, лично сметам дека во следните
десетина години ќе има поголем избор на фудбалери кои ќе се борат за најдобар
на светот“ заклучи Левандовски.