Абрахам им платил вечера на фанови на Рома за да се извини за поразот од Интер

by
1 минути читање

Рома испадна од Купот на Италија откако загуби од Интер со 2-0. Тоа беше фрустрирачки меч за Мурињо и неговите фудбалери.

„Калчомеркато“ открива една сторија за Тами Абрахам кој направил голем гест кон неколку фанови на Рома.

Тој и неговата девојка Леа Монро биле во ресторан во центарот на Рим кога налетал на група фанови на Рома. Тие биле добри со него, но го искажале разочарувањето од поразот со Интер.

Абрахам им кажал дека тој исто така е разочаран, им се заблагодарил за комплиментите, им потпишал автограми, а на крајот на вечерта им ја платил и сметката која ја направиле во ресторанот. Тие тоа го прифатиле со неверување и голема благодарност.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×