Тензија помеѓу Роналдо и Рангник, ЦР7 смета дека Германецот не е кадарен да го води Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

„Ѓаволите“ влегоа
во мала криза, испуштија бодови против Саутемптон и Барнли во Премиерлигата, а беа елиминирани и
во ФА Купот од второлигашот Мидлзбро. Лошите резултати донесоа тензија во соблекувалната,
како што пренесува АС, Ралф Рангник ја нема поддршката од „тешкашите“ а на чело
на бунтовниците е Кристијано Роналдо.

ЦР7 смета дека
Ралф Рангник не е кадарен да биде тренер на голем клуб како Манчестер јунајтед
и не на нивото на „ѓаволите“. Португалецот исто така не е задоволен од методите
на стратегот.

Ралф Рангник го
наследи Оле Гунар Солшер на крајот од ноември, но не успеа да ги подобри
перфорамнсите на тимот.

Германецот исто
така неодамна реши јавно да го критикува Кристијано Роналдо, и за својата прва
ѕвезда рече: „Треба да постигнува повеќе погодоци, тоа е очигледно“.

Овие коментари само го влошиле односот помеѓу двајцата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×