Бохум го понижи Баерн Минхен како никој во последните четири децении! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Левандовски постигна гол во 9. минута за водство на Баерн Минхен, и ништо не наговестуваше дека чудо на овој меч. Но фудбалерите на Бохум реализираа нешто посебно.

Серијата погодоци ја почна Антви Џеи, па погодија уште Локадија, Гамбоа и Холтман за водство на Бохум од 4-1 во првото полувреме.

До крајот на мечот Левандовски даде уште еден гол и го ублажи поразот на Баерн Минхен.

Бохум е првиот тим кој му дал четири гола на Баерн Минхен во едно полувреме во меч од Бундеслигата дури од 1975 година. Тогаш Ајнтрајт Франкфурт го победил Баерн со 6-0 и му дал пет гола во едно полувреме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×