229
Саутемптон одигра уште еден одличен меч на терен на фаворит, по победата над Тотнем во Лондон, денеска освои бод од Олд Трафорд против Манчестер јунајтед.
Тимот на Рангник тргна добро и по неколку шасни, Санчо во 21. минута постигна гол по асистенција од Рашфорд, Јунајтед поведе со 1-0. Со тој резултат заврши и првиот дел.
Но, по само три минути игра во второто полувреме Че Адамс пласираше прецизно за израмнување на 1-1.
До крајот на натпреварот и двете екипи имаа свои шанси, но резултатот остана непроменет.