320
Густаво Појето потпиша со Грчката фудбалска федерација договор до 2023 година со можноста соработката да продолжи, во зависност од резултатите.
„Голема чест ми е што ќе бидам селектор на Грција. Доаѓам во преубава земја со богата историја и пријателски народ. Грција го освои Европското првенство во 2004 година и играла на големи натпреварувања, таму сакаме да ја вратиме“, вели Појет.
Репрезентацијата на Грција веќе подолго време нема успех во квалификациите за Светските и Европски првенства.